Top Sport

„Се надевам дека Евролигата нема да го налути Нан во иднина“

Тренерот на Олимпија Милано, Еторе Месина имаше интересен коментар по убедливиот пораз на неговиот тим, во Атина од европскиот шампион Панатинаикос со 103:74 во 16. коло од Евролигата.

По бродоломот во Истанбул, „зелените“ до победа пред домашната публика ги предводеше неверојатниот Кендрик Нан, кој се врати по суспензија и постигна 39 поени. Американецот во првата четвртина постигна седум тројки.

„Се надевам дека Евролигата во иднина нема да го налути Нан со суспензија пред натпреварот со нас, бидејќи момчето беше насекаде“, изјави Месина по натпреварот во кој неговиот тим беше убедливо поразен.

Scroll to Top