Top Sport

Голден стејт Вориорс вредат 9,13 милијарди долари

Кошаркарскиот клуб Голден стејт Вориорс е највредната франшиза во НБА и вредноста на овој бренд се проценува на 9,13 милијарди долари, пренесуваат американските медиуми.

Во споменатата сума е вклучен целиот кадар, инфраструктура, недвижности, како и женскиот тим, а со споменатата сума Вориорс се втората највредна спортска франшиза во САД. Пред нив се само НФЛ гигантите Далас Каубојс, кои вредат 10,3 милијарди долари.

Веднаш зад тимот од Сан Франциско се Њујорк Никс чија вредност е 8,3 милијарди долари, а на третото место на листата на највредни клубови во најсилната светска кошаркарска лига се ЛА Лејкерс со 8,07 милијарди долари.

Медиумите нагласуваат дека просечната вредност на НБА клубовите е 4,6 милијарди долари, а над таа сума се Бруклин Нетс (5,7), ЛА Клиперс (5,68), Бостон Селтикс (5,66), Чикаго Булс (5,56 ), Мајами Хит (5) , Хјустон Рокетс (4,77) и Торонто Репторс (4,66).

Она што е особено интересно е дека од гореспоменатите најбогати клубови, само Бостон Селтикс и ЛА Лејкерс не ги поседуваат арените во кои ги играат своите натпревари.

На дното на НБА листата на клубови кога станува збор за вредноста на вкупната актива се Минесота (3,29), Њу Орлеанс (3,09) и Мемфис (3,06).

Scroll to Top