Top Sport

Колку заработија клубовите од БиХ, Србија и Словенија со пласманот во плеј-офот во Конференциската лига

Заврши првиот дел од натпреварувањето во Конференциската лига. За разлика од Лигата на шампионите и Лига Европа, во која секој тим игра осум натпревари, во Конференциската лига секој тим одигра по шест натпревари.

Конечниот пласман е познат, пласман во осминафиналето изборија најдобрите осум екипи: Челси, Вирорија Гимараеш, Фиорентина, Рапид Виена, Ѓургарден, Лугано, Легија Варшава и Серкл Бриж.

16 клубови, ќе играат плеј оф за пласман во осминафиналето, а 12 ги завршија натпреварите за оваа сезона.

Европска пролет изборија четири екипи од просторите на поранешна Југославија. Олимпија, Борац Бања Лука, Целје и ТСЦ Бачка Топола ќе играат во плејофот за место во осминафиналето.

Олимпија одигра 0:0 на гостувањето кај Јагелонија во последното коло и со тоа лигашката фаза ја заврши на 14. место. Борац ремизираше со Омонија на домашен терен со истиот резултат, тимот од Бања Лука го освои 20. место.

Целје и ТСЦ напредуваа многу подраматично, им требаа победи во последното коло. Целје губеше со 1:0 и 2:1 на домашен терен од велшкиот ТНС, но Словенците се вратија за да победат со 3:2 и го обезбедија 21. место.

Тимот од Бачка Топола губеше со 2:0 и 3:1 од Ноа, клуб кој во првото претколо ја елиминира Струга. ТСЦ направи нестварен пресврт во периодот од 75. до 81. минута постигна три гола, со што обезбеди премин од 24. место, последното место кое води во нокаут фазата.

Секоја екипа за пласман во нокаут фазата доби по 200 илјади евра. Дополнително, наградата за секоја победа во групната фаза на Конференциската лига е 400 илјади евра, а за реми се добива 133 илјади евра.

Инаку секој клуб за пласман во Конференциската лига од УЕФА доби 3,17 милиони евра.

Еве колку заработиле екипите од регионот досега:

Олимпија Љубљана – 4.503.000 евра
Борац Бања Лука – 4.236.000 евра
Целје – 4.103.000
ТСЦ Бачка Топола – 4.103.000

Scroll to Top