Top Sport

„Поради нашите односи со Србите и поради Косово, не треба да си играме со нив“

Неодамна оджаната ждрека за квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година ги спои Србија и Албанија. Топ фаворит во групата е Англија, а аутсајдери се Летонија и Андора. Јасно е дека натпреварите меѓу Србија и Албанија ќе привлечат огромно внимание.

Последен пат Србија и Албанија се сретнаа во квалификациите за ЕП 2016 година. Натпреварот во Белград потоа беше прекинат по голема тепачка откако на стадионот со дрон беше развеано знаме на „Голема Албанија“, а на зелената маса бодовите им беа доделени на Албанците.

Еден од играчите на тој натпревар, Лорик Цана, тогаш капитен на албанската репрезентација, а сега вработен во Фудбалската федерација на Албанија, вели дека Србија и Албанија не треба да играат меѓусебно.

„Верувам дека ниту една репрезентација не сака нешто слично да се случи повторно. ФИФА и УЕФА имаат правила кои забрануваат натпревари меѓу земји кои се во директен конфликт или имаат одредени политички спорови. Иако нашите две земји не се во директен конфликт, ниту имаат територијални претензии, поради сето она што го доживеавме како народ, а особено како национално малцинство во Југославија, не е логично да играме едени против други во групата“, рече Цана.

„Односите што ги имаме со Србите како народ и некои процеси ја прават целата ситуација деликатна. Особено поради Косово и сето она што го поминавме таму каде што сè уште нема решение“, додаде тој.

УЕФА смета дека двете селекции можат да играат меѓусебно, со оглед на тоа што Србија и Албанија поднесоа заедничка кандидатура за организација на Европското првенство за фудбалери до 21 година.

Scroll to Top