Top Sport

Извлечени двојките за плеј офот во Конференциската лига

УЕФА во седиштето во Нион ги одреди плеј-оф двојките во Конференциската лига. Пласман во осминафиналето изборија најдобрите осум екипи: Челси, Виторија Гимараеш, Фиорентина, Рапид Виена, Ѓургарден, Лугано, Легија Варшава и Серкл Бриж.

Тројца Македонци се дел од нокаут фазата Чурлинов, Шишковски и Николов. Чурлинов со Јагелонија ќе игра против српскиот претставник ТСЦ од Бачка Паланка, а Шишковски и Николов со Борац Бања Лука за противник ја добија Олимпија од Љубљана.

Двојки за 1/16 финалето во Конференциската лига:

Зелен пат:

ТСЦ – Јагелонија
Целје – АПОЕЛ
Борац Бања Лука – Олимпија Љубљана
Копенхаген – Хајденхајм

Сребрен пат

Викингур – Панатинаикос
Гент – Бетис
Молде – Шамрок
Омонија – Пафос

Првите натпревари ќе се одиграат на 13.февруари 2025 година, реваншите се на програмата една недела подоцна.

Scroll to Top