Top Sport


Веслачите од Горица Ремо, Охрид отпатуваа за Палиќ, Република Србија

На покана на Веслачкиот клуб Палиќ, Србија, охридските веслачи отпатуваа на ROWLE ERGO штафета 2024, која ќе се одржи викендов во Палиќ.

Овој несекојдневен натпревар е дел од проектот ROWLE како состав од програмата Interreg VI-A помеѓу Унгарија и Србија.

Натпреварувањето е од штафетен карактер и е наменет за сите возрасни категории од пионерска па се до ветеранска.

Веслачкиот клуб Горица Ремо ќе се натпреварува во кадетска конкуренција каде ќе настапи Андреј Крстески, додека во сенироска конкуренција боите на клубот ќе ги бранат Исабела Димоска и Александра Маленкоска.

Целта на ова натпреварување претставува промоција на спортот и физичката активност, како и јакнењето на прекуграничната соработка помеѓу учесниците.

Scroll to Top