Денвер Нагетс, предводени од трикратниот најкорисен играч (МВП) Никола Јокиќ, загубија од Феникс со 110:100 во Аризона во Божиќната пресметка во НБА. Кевин Дурент и Бредли Бил постигнаа по 27 поени во победата на Санс, а Јокиќ за Денвер имаше 25 поени и 15 скока.
На овој натпревар Јокиќ остана далеку под сезонските просеци во поени (30,9) и асистенции (9,7).
Многу НБА аналитичари сметаат дека 29-годишниот Јокиќ ги троши своите најдобри денови од кариерата во тим кој е далеку од шампионските амбиции, какви што имаше пред неколку сезонаи.
Се предвидува дека Денвер наскоро ќе се обиде да направи трејд и да му донесе ѕвезда на Јокиќ за соиграч, а најмногу се зборува за Џими Батлер од Мајами Хит. Во тој случај, Денвер ќе го напушта Мајкл Поертер Јуниор, Зек Наѓи и Дарио Шариќ.
По натпреварот, Дурант не штедеше комплименти за Јокиќ.
„Сакавме да се вратиме и да играме посилно и подобро, особено во третата четвртина. Го издржавме притисокот, тие се физички силен тим и го имаат најдобриот играч во светот, кој е меѓу најдобрите 10 на сите времиња, Никола Јокиќ.“