Фудбалерите на Рома го совладаа Лацио со 2:0 во 19. коло од италијанската Серија А.
„Дерби дела капитале“, Рома го реши во првите 20 минути од натпреварот. И ова градско дерби донесе ревија на каротни, девет жолти и еден црвен. Во самиот финиш беше исклучен напаѓачот на лацио Тати Кастеланос.
Рома прашањето околу победникот го реши во интервал од седум минути. Алексис Салемакерс му асистираше на Лоренцо Пелегрини, а седум минути подоцна Белгиецот го постигна вториот гол. .
Немаше поголеми возбудувања до крајот на полувремето. Лацио се закани на почетокот на вториот дел преку Кастеланос и Гуендузи, но голманот на Рома, Свилар не дозволи да биде совладан.
На другата страна се истакна Проведел по ударот на Пелегрини, додека Лацио освен непрецизениот удар на Тавареш, практично до крајот на мечот не се закани кон голот на Рома.
Избраниците на Клаудио Раниери го забележаа третиот триумф во четири меча, што им овозможи скок на 10. позиција во Серија А со 23 освоени бода. Лацио со 35 бодови остана на четвртото место.