Top Sport

Де Лаурентис уште му е лут на Сари: Тој човек сака само пари

Сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис уште не може да го преболи заминувањето на Маурицио Сари во Челси, повторно напаѓајќи го италијанскиот тренер за неговата „неверност“.

Де Лаурентис претходно го фалеше Сари како „фудбалски гениј“, но прво го отпушти и го замени со Карло Анчелоти по крајот на минатата сезона, а потоа тој замина во Челси. Во август, Де Лаурентис се пожали дека ништо не освоиле со Сари, а му дале „сѐ во тие три години“. Сега, тој зборуваше за парите кои ги сакал поранешниот банкар.

„Сари? Мислев дека сретнав тренер кој ќе остане во Наполи подолго време. Но, потоа стана јасно дека тој сака само пари. Преку медиумите порачуваше дека мора да му се смени договорот, иако само што му ја зголемивме платата од 700.000 евра на милион евра. Потоа го слушнав како вели дека со следниот договор сака да се збогати. Љубовта кон градот Неапол? Прво му верував, а потоа сфатив дека тој ме користи како банка“, вели Де Лаурентис во интервју за „Кориере дело спорт“.

Scroll to Top