Top Sport

Интер подготвува трансфер кој ќе го стресе Милано

Италијанскиот шампион Интер подготвува трансфер кој ќе го стресе градот Милано. „Нероаѕурите“ се насочени кон голманот на Пари Сен Жермен и Италија, Џанлуиџи Донарума.

Интер е во потрага по замена за Швајцарецот Јан Зомер кој има 36 години, мета е најдобриот италијански голман.

Донарума има договор со Пари Сен Жермен до летото 2026 година, но неговиот статус на „Паркот на принцовите“ не е најдобар во последно време и се чини дека францускиот шампион сака да го продаде.

Тренерот Луис Енрике не е задоволен од Донарума, па во вториот дел од сезоната голот на „светците“ го бранеше Русинот Матвеј Сафонов.

Според експертот за трансфери Џанлука Ди Марцио, Интер веќе имал првични разговори со Донарума.

Доколку Донарума навистина одлучи да го облече дресот на Интер, тоа сигурно дополнително ќе ги налути навивачите на неговиот матичен клуб Милан, кои се уште не му простиле што го напушти клубот како слободен играч во 2021 година.

На секој натпревар на италијанската репрезентација во Милано, Донарума е исвиркан од навивачите на Милан, а евентуалниот трансфер само дополнително ќе го влоши работите.

Scroll to Top