Top Sport

Џејмс Родригез повторно има нов клуб

Колумбискиот фудбалер Џејмс Родригез има нов клуб. Родригез пред само неколку дена го раскина договорот со Рајо Ваљекано.

33-годишникот потпиша договор со мексиканскиот клуб Леон, соопшти клубот од Гуанахуато. Родригез потпишал договор до крајот на 2025 година и ќе се обиде да ја „оживее“ кариерата која со години е во голем пад. .

Колумбиецот потпиша договор со Рајо Ваљекано во август, но за клубот од „Ваљехас“ одигра само седум натпревари.

Искусниот фудбалер претходно има настапувано за Сао Паоло, Олимпијакос, Ал Ријад, Евертон, Баерн, Реал Мадрид, Монако, Порто, Банфилд и Енвигадо.

Првиот натпревар во првенството Леон ќе го одигра на 19 јануари на гости кај Атлас.

Scroll to Top