Тренерот на Ал Хилал, Жорж Жесус изјави дека Нејмар нема да биде регистриран за вториот дел од сезоната во првенството на Саудиска Арабија, но не потврди дека Бразилецот наскоро ќе го напушти клубот.
„Нејмар нема да биде пријавен за вториот дел од шампионатот. Тој може да игра за нас во азиската Лига на шампиони. Саудиската лига е една од најдобрите лиги во светот. Нејмар не може да продолжи да се развива на нивото на кое сме навикнати. За жал работите за него станаа тешки“, рече португалскиот стручњак на прес-конференцијата по победата над Ал Фатех (9:0).
Жесус не сакаше да потврди дека Нејмар (32) наскоро ќе го напушти клубот.
„Тој се уште има договор со Ал Хилал и можеби ќе треба да одлучи за својата иднина. Не знам ништо за иднината на Нејмар. Расположливото место во ростерот за вториот дел од сезоната е резервирано за играч роден 2003 година или подоцна. Во моментов бараме крилен напаѓач за да ја пополниме оваа позиција“, заклучи Жесус.
Нејмар во август 2023 година за 90 милиони евра од ПСЖ пристигна во Ал Хилал.
Тој во октомври заработи тешка повреда на коленото додека настапуваше за репрезентацијата на Бразил. Минатата сезона поради проблеми со повреди одигра само три натпревари за Ал Хилал, а сезонава ниту еден.
Бразилецот од минатата недела медиумите го поврзуваат со трансфер во САД. Наводно три клуба од МЛС лигата сериозно биле заинтересирани за неговите услуги.