Во летото 2023 година, Рандал Коло Муани беше најбараниот напаѓач во Европа заедно со Гонзало Рамос од Бенфика. Муани тогаш играше за Ајнтрахт Франкфурт и брилјираше во Бундеслигата.
ПСЖ реши да издвои 95 милиони евра за неговиот трансфер од Франкфурт, а Муани потпиша петгодишен договор.
16 месеци подоцна, Муани е вишок во ПСЖ. Тренерот Луис Енрике им порача на клупските челници да му бараат нов клуб.
Затоа го испратија на позајмица во Јувентус, кој по истекот на позајмицата ќе има право да го откупи договорот на Муани.
Муани слета во Торино, се сликаше на аеродромот, во клубот го чекаа да го потпише договорот. Но трансферот е блокиран.
Како што пишува новинарот Џанлука Ди Марцио, ПСЖ веќе има шест играчи на позајмица, што е максимално дозволено за еден клуб, според новите правила на ФИФА. .
Во овој момент, Јувентус веќе бара алтернативи за Муани доколку ПСЖ не успее да го реши овој проблем.