Нејмар вториот дел од сезоната ќе го мине на позајмица во својот матичен клуб Сантос.
Италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо наведува дека Сантос испратил официјална понуда за позајмица до крајот на сезоната, кога на Нејмар ќе му истече договорот со Ал Хилал.
Во последно време се зборува за интерес на Чикаго, но поранешниот клуб на Нејмар има голема предност пред тимот од МЛС.
32-годишниот фудбалер наводно инсистирал да се врати во Сатнос, од каде се преселил во Барселона во 2013 година. Нејмар оваа сезона одигра само два натпревари за Ал Хилал во сите натпреварувања, или вкупно седум откако пристигна во Саудиска Арабија од ПСЖ во август 2023 година.
Бразилецот имаше големи проблеми со повредите, а клубот не го пријави за вториот дел од сезоната во националниот шампионат.
По 15 кола Ал Хилал го дели првото место во шампионатот со Ал Итихад.