Новак Ѓоковиќ избори пласман во полуфиналето на Австралија опен. Десеткратниот освојувач на турнирот во Мелбурн за три часа и 37 минути го порази Карлос Алкараз со 4:6, 6:4, 6:3, 6:4.
Ѓоковиќ ја забележа петтата победа во осмото соочување со Алкараз. Српскиот тенисер 12. пат во кариерата ќе игра во полуфиналето на Австралија опен. Го победи Алкараз и покрај тоа што го загуби првиот сет и што имаше проблем со левата нога, порди што бараше лекарска помош во финишот на првиот сет.
Во полуфиналето ќе игра против Александар Зверев. Мечот ќе се одигра во петок.