Top Sport

Флик: Никогаш не сум доживеал ваков камбек

Барселона ја совлада Бенфика со 4:5 во Лисабон, во претпоследното коло во Лигата на шампионите. Каталонците двапати заостануваа два гола, но успеаја да се вратат и да ја забележат шестата победа.

Вангелис Павлидис постигна хет-трик во првото полувреме, Роналд Араухо си постигна автогол, додека Роберт Левандовски и Рафиња постигнаа по два гола за Барселона, а петтиот гол е дело на Ерик Гарсија.

Избраниците на тренерот Ханси Флик беа на работ на пораз до 86. минута, кога Гарсија израмни на 4:4, за Рафиња им донесе победа во шестата минута од судиското надополнување.

„Ова беше луд натпревар. Најдоброто нешто беше менталитетот. Ова е фудбал. Никогаш не сум доживеал ваков камбек”, изјави тренерот на Барселона, Ханси Флик, чии играчи се втори во табелата во Лигата на шампионите.

Тој ја пофали транзицијата на Бенфика која ги казнуваше грешките на Барселона, поради што голманот Војчех Шчесни имаше слаб настап со многу грешки. „Кој играч не греши? Сите грешиме. Победуваме и губиме заедно. Ми се допаѓа она што го видов во вториот дел”, одговори Флик на прашањето за полскиот голман.

Scroll to Top