Фудбалерите на Црвена звезда, во седмиот меч го забележаа шесттиот пораз во Лигата на шампионите. Српскиот првак синоќа загуби од ПСВ со 2:3.
Црвена звезда се само уништи прптив тимот од Ајндховен. Во првиот дел гостите изведоа три корнери и постигнаа три гола. Во вториот дел црвено-белите го поправија впечатокот, но не успеаја да го избегнат поразот.
Прашање е во кој правец ќе одеше натпреварот доколку Шериф Ндиај во 14.минута, при резултат 0:0 постигнеше гол. Голманот Бенитез го одбрани неговиот удар, во ситуација кога напаѓачот имаше слободен соирач на втората статива.
„Знаете, секој пат кога ќе пропуштам шанса, сите зборуваат за тоа. Но, тоа не е нешто што го правам намерно. Ако можам да постигнам гол, тоа и го правам. Да постигнувам гол од секоја шанса, не би бил тука, би бил во Реал Мадрид“, изјави играчот на црвено-белите.