Египетскиот фудбалер Омар Мармуш е нов играч на Манчестер Сити, потврдија од клубот.
Напаѓачот пристигна од Ајнтрахт за сума од 74,5 милиони евра. што е најголема сума исплатена за фудбалер од Египет. Трансферот на мармуш е втора најголема продажба на клубот од Франкфурт по Рандал Коло Муани (95).
Мармуш со клубот потпиша четири и пол годишен договор до летото 2029 година.
„Никогаш нема да го заборавам овој ден. Прекрасно е чувството да се потпише за еден од најдобрите тимови во светот. Моето семејство е гордо и сите се среќни што се во Манчестер”, изјави Мармуш.
Египќанецот оваа сезона постигна 15 гола, еден помалку од водечкиот стрелец во лигата Хари Кејн. Покрај тоа, тој е најдобар асистент во лигата со девет асистенции.
Our new number 7️⃣ pic.twitter.com/jyahrzq5Nr
— Manchester City (@ManCity) January 23, 2025