Челси и Манчестер јунајтед подготвиле трејд кој ќе ги задоволи апетитие на двата клуба. Англичаните тврдат дека Кристијан Нкеунку ќе се пресели на „Олд Трафорд, а во Лондон ќе замине Алехандро Гарначо.
Кристијан Нкунку не е задоволен од статусот во тимот, самиот побарал трансфер. Се поврзуваше со Баерн Минехн, но оваа опција отпадна, бидејќи Баварците не сакале во трансферот да го вклучат младиот напаѓач Матијас Тел.
Од друга страна Манчестер јунајтед прифаќа размена на фудбалери. Го понудиле Гарначо, кој по заминувањето на Ерик Тен Хаг го загуби местото во стартниот состав.
Челси за Нкунку бара 80 милиони евра, што значи дека Јунајтед ќе треба и да уплати одреден сума.
Се претпоставува дека покрај Гарначо, луѓето од „Стенфорд Бриџ“ ќе прифатат и 10 милиони евра.