Top Sport

(Видео) Фиорентина ја прекина црната серија, во Рим го победи Лацио

Фиорентина ја прекина серијата од седум натпревари без победа во сите натпреварувања и го совлада Лацио во Рим со 2:1.

Натпреварот практично беше решен во првите 20 минути игра кога „Виола“ ги постигна двата гола.

Гостите поведоа во 11. минута од натпреварот. Госенс го направи тоа што го прави најдобро, упати прецизен центаршут во шеснаесетникот, а Адли беше прецизен од непосредна близина.

Само шест минути подоцна веќе беше 0:2. Овој пат Додо се најде во улога на асистент, а Белтран го постигна четвртиот гол сезонава.

Во вториот дел Лацио ја имаше топката се обидуваше да нападне, но одбраната на Фиорентина на чело со голманот Де Хеа лесно ги одбиваше нападите.

Во последните 15 минути имаше многу нервоза на теренот. Адли доби црвен каротон кога веќе ја напушти играта, а потоа исклучени беа и двајцата тренери.

Малку неизвесност внесе Марушиќ во 92. минута од натпреварот ја смести топката што ја испрати Хисај. Лацио имаше уште четири минути да се обиде да дојде до бод, но не успеа. Во последните секунди Педро ја погоди стативата.

Со оваа победа Фиорентина е на шестото место со 36 бода, со три бода помалку од Лацио кој се наоѓа на четвртото место.

Scroll to Top