Top Sport

Пакет тежок 1,3 милијарди евра – Реал ваква понуда за Винисиус нема да одбие

Винисиус Жуниор, во август минатата година преговарал за трансфер во Саудиска Арабија, а разговорите продолжија во декември. Иако самиот играч и тренерот на Реал, Карло Анчелоти се обидуваат да ги демантираат гласините за потенцијален договор, „АС“ открива детали од понудата што Флорентино Перез „нема да може да ја одбие“.

„АС“ детално пишува за мега трансферот како зделка која може да ги сруши сите рекорди. Рекордот и понатаму го држи на Нејмар кога од од Барселона се пресели во ПСЖ (2017 година, 222 милиони евра), но тој ќе падне на второто место во рангирањето доколку се остварат замислите од Саудиска Арабија.

Како што е соопштено, она што ќе му биде понудено на Реал, а понудата најверојатно би стигнала од Ал Ахли е 300 милиони евра за трансферот. На Винисиус ќе му биде понуден петгодишен договор вреден 200 милиони евра по сезона.

Доколку го прифати, во тој период ќе заработи милијарда евра, со што ќе стане првиот фудбалер во историјата со толку високи примања. Се очекува тој да стане и амбасадор на Светското првенство во 2034 година, чиј домаќин ќе биде Саудиска Арабија.

Винисиус, чија вредност „Трансфермаркт“ ја проценува на 200 милиони евра, во 291 одигран натпревар за Реал има постигнато 101 гол и 83 асистенција. Тој има важечки договор до крајот на сезоната 2026/27.

Scroll to Top