Поранешниот англиски фудбалски судија Дејвид Кут (42) откри дека е геј во своето прво интервју откако му беше забрането да суди во англискиот фудбал. Кут е познат по скандалот, кога беше објавено видео во кое тој го навредува Јирген Клоп, поранешниот тренер на Ливерпул.
Се појави и видео како шмрка бел прав за време на Европското првенство.
Како што изјави во интервју за британскиот таблоид „Сан“, својата хомосексуалност ја криел од јавноста бидејќи фудбалскиот свет е премногу „мачо“ и не ги прифаќа хомосексуалците.
„Ми беше срам, особено кога бев тинејџер. Имав проблеми да ја скријам мојата сексуалност. Ги криев чувствата кога бев помлад. Криењето на емоциите е одлична особина ако сте судија, но тоа е лошо за човечко суштество. Тоа ме наведе да се однесувам на начин на кој не сакам.
Имам проблеми со самодовербата и ми беше тешко да се гордеам со тоа што сум. Сум доживеал злоупотреба во текот на мојата кариера, а откривањето дека сум геј би го влошило сето тоа. Треба да се работи многу за да се намали дискриминацијата во фудбалот“, изјави Кут.