Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ отфрлил профитабилна понуда од Саудиска Арабија, според која требало да стане нов играч на Ал Наср и соиграч на Кристијано Роналдо.
Според информациите на познатиот италијански новинар Џанлука ди Марцио, Влаховиќ не ни размислувал за опцијата да ја напушти Европа, иако финансиската понуда била крајно примамлива.
Шпекулациите за иднината на напаѓачот на Јувентус продолжуваат, а приказната за неговиот потенцијален трансфер стана една од главните теми на преодниот рок.
И покрај ова, Влаховиќ засега останува во Торино, каде неговиот статус во тимот стана неизвесен со доаѓањето на Рандал Коло Муани.