Завршниот турнир на Евролигата ќе се игра од 23. до 25. мај во Абу Даби.
Во соопштението се наведува дека Евролигата, Одделот за култура и туризам – Абу Даби и Етихад арената потпишале договор за домаќинство на Ф4 Евролигата во главниот град на Обединетите Арапски Емирати.
Првото полуфинале е закажано за 23. мај од 16 часот по средноевропско време. Второто полуфинале ќе се игра истиот ден од 19 часот.
Финалето е закажано за 25. мај во 18 часот.
Билетите за Ф4 ќе бидат пуштени во продажба од 26 февруари.