Дербито на израелското првенство меѓу Макаби Хаифа и Макаби Тел Авив, беше прекинат во 15. минута од судиското надополнување на првото полувреме.
До тој момент, навивачите во неколку наврати фрлаа пиротехничка на теренот.
Посебно на удар беше голманот на домаќините Шареф Кеуф, околу него паѓаа факели, некои и го погодија, а ситуацијата се искомплицира кога беше досуден пенал за гостите.
Дејвид Тургеман постигна гол, а потоа реши да слави пред домашните навивачи кои одговорија со факели и топовски удари.
🇮🇱The match between Maccabi Haifa and Maccabi Tel Aviv at Sammy Ofer was supposed to be a huge one, but unfortunately, the violence won. After several disorders from Maccabi Haifa's ultras, the police decided not to renew the second half. Such a shame.pic.twitter.com/lhPghIsb99
— BabaGol (@BabaGol_) January 27, 2025
Ситуацијата стана уште посложена кога тренерот на Макаби Хаифа, Барак Бахар влезе во вербална пресметка со големата ѕвезда на ривалот, Еран Захави.
Бахар беше исклучен, беа покажани уште неколку црвени картони, додека навивачите влегоа на теренот, што ја натера полицијата да реагира и да побара натпреварот да се прекине.
Можно е на Макаби Хаифа да му се одземат бодови, постои и опција натпреварот да заврши 0:0, а не е исклучено мечот да продолжи во друг некој друг термин.
ברק בכר צריך לשבת ביציע תקופה ארוכה על הדבר הזה. pic.twitter.com/1QZxpqo7Ef
— Nisim Haliva✍️🎙 (@HalNisim) January 27, 2025
Макаби Тел Авив е втор во израелската Премиер лига со 41 бод, шест помалку од лидерот Хапоел Бер Шева, но со меч помалку.
Имењакот од Хаифа е четврти со 37 бодови, два помалку од Беитар од Ерусалим, кој има меч повеќе.