Германскиот шампион Баер Леверкузен би можел да остане без напаѓачот Виктор Бонифејс и активно бара замена за Нигериецот кој е пред преселба во саудиската Про лига.
„Скај Спорт Германија“, тврди дека Саудијците за 24-годишниот фудбалер ќе платат 60 милиони евра.
Нигериецот на тој начин му го носи на Баер вториот најголем профит во историјата – трансферот на Каи Хаверц во Челзи во 2020 година за 80 милиони евра се уште е без конкуренција.
Доколку трансферот се реализира, Бонифејс ќе им се придружи на големите светски ѕвезди, Португалецот Кристијано Роналдо и Сенегалецот Садио Мане во нападот на Ал Наср.
„Кикер“ дознава дека Нигериецот го пропуштил тренингот на Баер. Во претходниот период блескаше неговиот конкурент во нападот Патрик Шик, кој ја презеде улогата на стартен напаѓач.
Британските медиуми тврдат дека младиот напаѓач на Брајтон, Еван Фергусон, би можел да му се приклучи на Баер. Клубот е блиску до комплетирање на позајмица на аргентинскиот креативен играч за врска Емилијано Буендија, кој се очекува да го замени повредениот Мартин Териер.
Клубот од Леверкузен успешно ги заврши преговорите со Рома околу позајмица на дефанзивецот Марио Ермозо.