Top Sport

Антонели положи возачки испит непосредно пред дебито во Формула 1

Андреа Кими Антонели го положи возачкиот испит само шест недели пред неговото деби во Формула 1, во болидот на Мерцедес.

Младиот возач лани во август наполни 18 години, со што ја исполни старосната граница за добивање возачка дозвола во Италија.

Антонели го замени седумкратниот шампион Луис Хамилтон во германскиот тим, што покажува колкава доверба има во него извршниот директор, Тото Волф.

Поранешниот возач на тимот на Према Ф2 напиша на социјалните мрежи „успешна мисија“, а Мерцедес му честиташе објавувајќи негова фотографија во возилото на автошколата.

Момчето од Болоња веќе извозе неколку илјади километри на патеките на Формула 1, тестирајќи го болидот во подготовка за неговата дебитантска сезона.

Андреа Кими Антонели ќе помине три дена во Бахреин од 26. до 28. февруари на официјално тестирање, заедно со тимскиот колега Џорџ Расел.

Новата сезона во Формула 1 ќе започне на 16 март во Австралија.

Scroll to Top