Лука Карабатиќ погоди од центарот на празна мрежа на 0,2 секунди до крајот за да и донесе победа на Франција од 34:33 во полуфиналето на Светското првенство против Египет.
Откако главите се оладија, од таборот на Египет излегоа со тврдење дека голот бил нерегуларен. Тие не спорат дека голот е постигнат во рамките на дозволеното време, но дека не требало да биде поништен поради прекршување на правилата.
Пред да шутира Карабатиќ и пред судиите да дадат знак за почеток на нападот, францускиот ракометар од левата страна зачекори во противничката половина. Според правилата, тоа не е дозволено.
На снимката се гледа дека Французинот од левото крило навистина зачекори во египетската половина. Но, има и толкување дека голот бил регуларен затоа што француското крило навистина направи нешто недозволено, но дека тоа не влијаело на играта или на ударот на Карабатиќ.
Бидејќи по голот веднаш следуваше големо славје на Франција, никој не забележа дека Египќаните се жалат, дека на пропустот им укажале на Начевски и Николов. Тие голот го проверија на видеото, но само за да утврдат дали е постигнат во дозволеното време.
The ultimate heartbreak for Egypt AGAIN
Luka Karabatic wins it with 0.3 seconds left of the clock
The Quarterfinal curse for Egypt continues pic.twitter.com/Wq5e45eEqk
— (Un)informed Handball Hour (@HandballHour) January 28, 2025