Хрватскиот ракометар Домагој Дувњак беше особено емотивен по победата над Франција и изборениот пласман во финалето на Светското првенство.
Хрватската ракометна репрезентација одигра брилијантен натпревар, во преполната Арена Загреб, избраниците на Дагур Сигурдсон ја совладаа Франција со 31:28.
„Голема благодарност до момците и прекрасната публика. Она што го одигравме денес беше совршенство во одбраната. Срцето ќе ми пукне. Всушност, шокиран сум што овие млади момци одиграа храбро и паметно. Среќен сум поради нив. Се надевам дека нема да чекаме толку долго за следниот медал.
Неверојатно е колку проблеми имаме во текот на целиот турнир. На крајот никој не се пожали. Се плашев дека ќе изгорат. Се восхитувам колку паметно одиграа. Како да имаат не знам колку години искуство. Хрватскиот ракомет има иднина. Мене светот ми се распадна по натпреварот против Аргентина.
Благодарност до тренерот што иако сум повреден ме трпи на клупата. Можам мирно да ја напуштам репрезентацијата. Ова е победа за сите луѓе кои не поддржуваат. Јас сум пресреќен. Ќе бидеме подготвени за финалето“, изјави Дувњак.