Менаџерот на фудбалерите на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, синоќа во друштво на Предраг Мијатовиќ и Дејан Савичевиќ го следеше натпреварот Црна Гора-Србија (0:2), во Лигата на Нации.
Мурињо наводно дошол да ги види на дело српските репрезентативци Никола Миленковиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ. По мечот тој заедно со Мијатовиќ го напуштил стадионот во Подгорица.
Мијатовиќ рекол дека не сака да ги коментира случувањата на теренот, туку само изјавил дека бил задоволен од атмосферата на теренот и трибините.
Мурињо се фотографирал со неколку деца, поделил автограми, а кога бил запрашан да го даде својот коментар за натпреварот се насмејал.
„Немам коментар, доколку сакате автограм или да се сликаме, тука сум“.