Top Sport

(Видео) Јуанјтед (повторно) загуби на „Олд Трафорд“, Тотенхем победи прв пат во 2025 година

Во Премиер лигата, во терминот од 15 часот се одиграа два натпревари. Победија гостите со идентични 2:0.

Манчестер јунајтед ја прекина серијата од три победи (две во Лига Европа и една во Премиер лигата) на домашен терен против Кристал Палас. „Црвените ѓаволи“ го забележаа 11.пораз во Премиер лигата.

Победата на Кристал Палас му ја обезбеди Матета со головите во 64. и 89.минута.

Тотенхем во малото градскот дерби победи кај Брентфорд. Ова е прва победа за Тотенхем во Премиер лигата од почетокот на годината.

Авто гол си постигна Јанелт во првиот дел, а точка на мечот стави Сар во 87.минута.

Scroll to Top