Top Sport

Хименез е нова „деветка“ на Милан

Фудбалскиот клуб Милан го официјализира трансферот на Сантијаго Хименез од Феенорд. 23-годишниот Мексиканец потпиша договор до 2029 година, ќе заработува 2.5 милиони евра по сезона.

Милан за трансферот на Хименез плати 32 милиони евра, дополнителните бонуси на клубот од Холандија можат да му донесат уште три милиони евра.

Ова е втор најголем зимски трансфер во историјата на Милан. Иста сума клубот издвои за Кшиштоф Пјатек, кој пред точно шест години пристигна од Џенова на Сан Сиро, а во јануари 2019 година Милан на Фламенго за Лукас Пакета плати 38 милиони евра.

Хименез за Феенорд одигра 105 натпревари, постигна 65 голови и забележа 14 асистенции.

Интересно може да дебитира за новиот клуб токму против Феенорд. Милан е Феенорд ќе играат бараж двомеч за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Scroll to Top