Фудбалската репрезентација на Колумбија, во Тампа на Флорида, во пријателски натпревар ја совлада САД со 4:2. Победа со гол помалку (3:2), забележа Мексико против Костарика.
Кафтероси во Тампа г отворија резултатот во 36.минута кога по асистенцијата на играчот на Атлетико Мадрид, Сантијаго Аријас, најдобриот Колумбиец, Хамес Родригез, постигна прекрасен гол.
Играчите на САД потоа го свртеа резултатот преку Кени Сајев во 50. и Биби Вуд во 54.минута.
До крајот Колумбијцте постигнаа три гола, преку Карлос Бака во 56., Радамел Фалкао во 74. и Мигел Борха во 79.минута.
Мексико во Сан Николас ја пречека Костарика, а последниот гол на мечот за 3:2, го постигна Хименез во 71.минута од пенал.
Претходно Костарика постигна гол за 0:1 преку Кемпбел во 29.минута, четири минути подоцна израмни Гузман, а Брајан Руиз во 44.минута постигна уште еден гол за Костарика. На 2:2 израмни Хенри Мартин во 56.минута.
Победата на Мексико е прва по серијата од четири порази, а во исто време Костарика ја продолжи лошата серија. Оваа репрезентација нема победа на последните осум натпревари.