Top Sport

Затворски казни за Кокорин и Мамаев

Напаѓачот на Зенит Александар Кокорин и играчот на Краснодар Павел Мамаев, поради инцидентот што се случи во Москва минатиот викенд, ќе треба да поминат два месеци зад решетки, пренесуваат руските медиуми. Кокорин и Мамаев беа актери на несекојдневен инцидент што го шокира фудбалскиот свет.

Двајцата фудбалери, во неделата на 8.октомври, во едно кафуле во Москва го нападнале Денис Пак, функционер во руското министерство за индустрија и трговија. Кокорин со столче го удрил во главата Пак.

Нападнат бил и Сергеј Гајсин, челник на државниот истражувачки центар на Русија, но најлошо минал Виталиј Соловчук.

Возачот на водителката на Првиот канал, Олга Ушакова, бил претепан пред кафулето, а по инцидентот заврши на одделението за интензивна нега со потрес на мозокот.

Соловчук, подоцна изјавил дека нема да им прости на фудбалерите и дека ќе ја бара правдата до крај. Полицијата покрена постапка за „хулиганство“ поради претепувањето на Соловчук. Адвокатот на Кокорин поднел жалба на одлуката за притвор.

Руските медиуми пренесоа дека два месеци зад решетки ќе мине и помладиот брат на фудбалерот на Зенит, Кирил Кокорин, кој исто така бил еден од оние што го предизвикале скандалот.

Кокорин нападнал функционер, може пет години да заглави в затвор (Видео)

Scroll to Top