Кошаркарките на Франција го потврдија пласманот на Европското првенство кое годинава ќе се одржи од 18. до 29. јуни во Чешка, Германија, Италија и Грција. Тоа го направија на неверојатен начин, со победата над Република Ирска на домашен терен со дури 101 поен разлика, 125:24.
Французинките ја остварија најголемата победа во својата историја. Убедливо ја добија секоја четвртина. Првата ја добија со 35:7, додека до полувремето беше 64:16. Во третата четвртина кошаркарките од Ирска постигнаа само два поени, а Французинките 34, за водство од 98:18 по 30 минути игра. Во последната четвртина Франција беше подобра со 27:6
Сите 12 француски кошаркари постигнаа барем по еден поен, додека седум имаа двоцифрен учинок.
Најмногу поени постигнаа Жанел Салаунн (19), и Валери Вукосављевиќ (16). Кошаркарките од Ирска 11 од 24-те поени постигнаа од линијата за слободни фрлања, од поле погодија 6/49. Најефикасна во нивните редови беше Клер Мелиа со 9 постигнати поени.