Top Sport

Познати се четирите екипи за Ол-стар натпреварот – Јокиќ заедно со Јанис, Шеј и Вембањама

Познати се тимовите кои ќе учествуваат на Ол стар викендот во Сан Франциско (14-16.февруари). Наградниот фонд за четирите Ол-стар натпревари ќе изнесува 1,8 милиони долари, секој играч од победничкиот тим ќе заработи 125.000 долари, финалистите ќе добијат по 50.000 долари, додека за третото и четвртото место се добива по 25.000 долари.

Во тимот на Чарлс Баркли се Никола Јокиќ (Денвер), Јанис Адетокумбо (Милвоки), Шеј Гилџес-Александер (Оклахома), Виктор Вембањама (Сан Антонио), Паскал Сиакам (Индијана), Алперен Шенгун (Хјустон), Карл-Ентони Таунс (Њујорк Никс) и Донован Мичел (Кливленд).

Во тимот на Шекил О’Нил се: Леброн Џејмс (Лос Анџелес Лејкерс), Стеф Кари (Голден Стејт), Ентони Дејвис (Далас), Џејсон Тејтум (Бостон), Кевин Дурент (Феникс), Демијан Лилард (Милвоки), Џејмс Харден (Лос Анџелес Клиперс), Џејлен Браун (Бостон).

Во тимот на Кени Смит се: Ентони Едвардс (Минесота), Џејлен Брунсон (Њујорк Никс), Џарен Џексон Јуниор (Мемфис), Џејлен Вилијамс (Оклахома), Дариус Гарланд (Кливленд), Еван Мобли (Кливленд), Кејд Канингем (Детроит), Тајлер Хиро (Мајами).

Четвртиот тим на мини-турнирот ќе биде оној кој ќе победи на традиционалниот меч „Ѕвезди во подем“, односно мечот меѓу дебитантите во лигата и оние кои ја играат втората сезона (софомори) во НБА.

Во домот на Голден Стејт Вориорс, на 16 февруари ќе се одигра мини-турнир со четири екипи и три натпревари, две полуфиналиња и финале. Победник ќе биде оној кој прв ќе постигне или ќе надмине 40 поени.

Scroll to Top