Фудбалерите на Аталанта успеаја да ја прекинат кратката серија без победа.
Ла Деа беше повеќе од убедлив на гостувањето кај Верона, која победи со 5:0 против тимот предводен од Паоло Занети.
Со оваа победа Аталанта се врати во шампионската трка, а сега заостанува четири бода со натпревар помалку во однос на Интер и Наполи кои се на првите две позиции во Серија А.
Верона во овој натпревар влезе во добро расположение по ремито со Венеција и победата над Монца, но сега доживеа студен туш против тимот од Бергамо.
Напаѓачот на Аталанта, Матео Ретеги постигна четири гола, со што се зацврсти на листата на стрелци во Серија А.
Покрај Италијанецот, за Верона погоди и Едерсон.
Аталанта на тој начин направи одлична увертира пред баражот за осминафиналето на Лигата на шампионите, каде ќе го пречека Клуб Бриж, додека подоцна ќе ги одмери силите со Каљари во домашниот шампионат.
Верона ја очекува уште еден тежок натпревар, бидејќи во следното коло ќе гостува кај Милан.