Фудбалерот на Барселона, Френки де Јонг е во напредни преговори со Ливерпул, пренесуваат шпанските и англиските медиуми.
Веста за преговорите ја потврди и спортскиот директор на Барселона, Деко. Иако со месеци се шпекулира за иднината на Де Јонг, дури сега каталонскиот клуб е подготвен да го продаде Холанѓанецот.
Актуелниот договор на Де Јонг со Барселона истекува во јуни 2026 година, па раководството на клубот смета дека сега е вистинското време да го продаде за да заработи од неговиот трансфер.
Каталонците ќе бараат отштета од 40 милиони евра, додека Ливерпул е подготвен да плати 35 милиони, но се претпоставува дека брзо ќе се договорат.
Френки Де Јонг пристигна во Барселона во 2019 година по одличната сезона во Ајакс.