Top Sport

Анчелоти: Винисиус ја заслужи Златната топка, Родри требаше да ја добие една година порано

Реал Мадрид вечерва ќе му гостува на Манчестер сити во Лигата на шампионите. Двата тима одиграа лошо во првата фаза, поради што еден од нив ќе отпадне уште на почетокот од нокаут фазата.

На прес конференцијата пред натпреварот тренерот на Реал, Карло Анчелоти, доби неколку прашања поврзани со Винисиус Жуниор.

„Винисиус? Неговата сезона е добра. Досега постигна 17 гола и покрај двете повреди кои му го прекинаа континуитетот. Мислам дека се враќа во форма, иако се уште не е 100 отсто. Многу е блиску до своето најдобро ниво, кое ќе го покаже на натпреварот против Сити”.

65-годишниот стручњак беше запрашан за церемонијата на доделување на Златната топка, на која никој од Реал Мадрид не се појави откако се дозна дека победник ќе биде Родри, играчот од средниот ред на „граѓаните“ кој се опоравува од повредата:

„Мислам дека не е грешка што никој не беше таму. Не отидовме затоа што мислиме дека Винисиус е очигледниот добитник на Златната топка. Мислам дека Родри требаше да ја освои една година порано”, заклучи Анчелоти.

Scroll to Top