Top Sport

Њукасл сериозно заинтересирани за Бакајоко од ПСВ

Њукасл до крајот на сезоната бие жестока борба за пласман во Лигата на шампионите. Тоа е главна цел на клубот од „Сен Џејмс Парк“, кој за неколку недели ќе се бори за првиот трофеј во клупската историја по 1955 година. Во финалето на Лига купот, Њукасл за противник ќе го има Ливерпул.

Во клубот, додека трае прврнството, кројат планови за летниот проеден рок. Њукасл е заинтересиран за крилниот напаѓач Јохан Бакајоко од ПСВ.

Премиерлигашот е подготвен да потроши дури 40 милиони фунти за талентираниот фудбалер.

Во првенството постигна седум гола, а забележителни настапи имаше и во Лигата на шампионите каде запиша два гола и една асистенција.

Токму тоа го привлече Њукасл. Бакајоко покажа дека може да им прави проблеми на противничките одбрани на највисоко ниво, па трансфер е неизбежен во блиска иднина.

Бакајоко сега е стандарден репрезентативец на Белгија. За репрезентацијата одигра 18 натпревари и постигна еден гол.

Scroll to Top