Пресметката меѓу Манчестер сити и Реал Мадрид привлекува најмногу внимание на почетокот на нокаут фазата во Лигата на шампионите. По овој бараж еден од овие два тима ќе го заврши својот на стап за оваа сезона во елитното натпреваруваљњ.
Љубителите на фудбалот имаат големи очекувања од овој двомеч, а се огласи и поранешниот напаѓач на Сити, Серхио Агуеро.
Тој го најави овој натпревар во подкастот „Som I Serem“ со изјава која брзо стана хит на социјалните мрежи.
„Реал не може да го победи Сити. Ако тоа се случи, ќе се соблечам гол и ќе правам слата по улиците на Манчестер. Ако Реал го победи Сити, ќе си ги отсечам тестисите. Тоа едноставно не може да се случи”, изјави Агуеро.