Португалскиот клуб Боависта синоќа направи необичен потег и истовремено ангажираше девет нови играчи.
Најпознато име меѓу нив е Лавин Курзава, поранешен играч на Пари Сен Жермен и Монако и човек кој 14 пати го носеше дресот на француската репрезентација.
Покрај него, клубот од Порто објави дека нови играчи се: голманот Томаш Вацлик, Марко ван Гинкел, Муса Коне, Осман Какај, Витали Листов, Сидоин Фонинг, Стивен Виторија и Гбоје Ариџиби.
По 21 одиграно коло во португалскиот шампионат, Боависта се наоѓа на последното место на табелата со 12 бодови, шест помалку од безбедната зона.