Јагиелонија со Дарко Чурлинов во тимот оствари триумф 3:1 во Бачка Топола, над ТСЦ, во плејофот за пласман во осминафиналето во Конференциската лига. Полскиот тим направи реваншот да биде само формалност.
ТСЦ подобро влезе во натпреварот и со прекрасниот гол на Престиж дојде до предност в 28.минута. Јагиелонија експресно се врати во натпреварот, во 31.минута изедначи Шпанецот Имаз.
Полјаците во финишот го нокаутираа српскиот претставник, пресвртот го комплетирашше Пулулу во 81, а точка на мечот во претпоследната минута со својот втор гол стави Имаз.
Репрезентативецот на Македонија, Дарко Чурлинов на теренот беше до 70.минута.
Резултати:
Целје-АПОЕЛ 2:2
Молде-Шамрок Роверс 0:1
Викингур Рејкјавик-Панатинаикос 2.1.