Top Sport

Го добивме најмладиот стрелец во историјата на европските натпреварувања

Фудбалерите на Шамрок приредија вистинска сензација со гостинската победа во Молде, во првиот натпревар од плеј-офот за осминафиналето на Конференциската лига.

Иако беше постигнат само еден гол, тој влезе во историјата на натпреварувања под капата на УЕФА.

Имено, стрелецот Мајкл Нунан го реши натпреварот во 57. минута и стана најмладиот стрелец во историјата на меѓународните клупски натпреварувања. Нунан стана рекордер со 16 години и 197 денови.

Интересно ова беше негов деби настап за Шамрок, откако потпиша за ирскиот клуб оваа зима.

За само 21 ден, тој го собори рекордот на Белгиецот Ромелу Лукаку, кој со 16 години и 218 дена постигна два гола за Андерлехт во победата од 3:1 над Ајакс во Лига Европа во 2009 година.

Scroll to Top