Top Sport

Моцарт спорт: Екс тренерот на Војводина и Србија од следната сезона ќе го предводи Охрид

Борис Ројевиќ поднесе оставка на тренерската функција во ракометниот клуб Војводина. Следна дестинација на поранешниот селектор на Србија ќе биде Охрид, објави „Моцарт спорт“.

Ројевиќ речиси седум години ја предводеше Војводина, освои 20 трофеи, од кои шест во првенството на Србија, а во 2023 година го освои ЕХФ купот.

„Моцарт спорт“, тврди дека во наредните денови Ројевиќ ќе ја официјализира соработката со Охрид. Ројевиќ на функцијата ќе го замени Стевче Алушевски по завршувањето на сезоната.

Охрид по 17 кола во македонскиот шампионат е повторно четврти сезонава, со мали шанси да се вмеша во борбата за титулата во конкуренција на Алкалоид, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Scroll to Top