Top Sport

Феномено го избра најлошиот соиграч: Добар човек, лош фудбалер

Легендарниот Роналдо Назарио во Бразил гостуваше во подкаст што го води друга легенда, Ромарио. Одговори на прашањата за најдобрите и најлошите соиграчи во неговата легендарна кариера.

Роналдо прво проговори за најдобрите фудбалери со кои играл:

„Најдобар беше Роналдињо Гаучо во репрезентацијата и Зинедин Зидан на клупско ниво. Зизу имаше многу знаење, тој беше различен, многу силен технички, правеше сè да делува толку едноставно“, рече бразилската легенда и дополни.

„Малку е тешко, но има едно момче кое се издвојува. Тој беше многу добар, пријател, врвна личност, но едноставно многу лош како фудбалер, а тоа е Томас Гравесен. Освен што беше лош играч, тој силно удираше, масакрираше противници на теренот, но и тоа беше една од неговите задачи. Што се однесува до репрезентацијата, Амарал беше исклучително слаб технички. Се трудеше многу, трчаше, но техниката му беше лоша“.

Александре да Силва Маријано, попознат како Амарал, играше за бразилската репрезентација од 1995 до 1996 година и одигра десет натпревари за Селесао. Играше за европски клубови како Фиорентина и Бешикташ. Гравесен беше дански играч од средниот ред кој играше со Роналдо во Реал Мадрид, а играше и за Вејле, ХСВ, Евертон и Селтик.

Scroll to Top