Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас постигна гол на дебито за Торино во Серија А. Елмас, пред 10 дена пристигна во Торино на позајмица од Лајпциг.
Торино загуби од Болоња (3:2), во првиот меч од 25.коло во Серија А. Елмас, на теренот влезе во 62.минута (на местот на Карамох), а три минути подоцна постигна прекрасен гол. Голот на елмас може да го видите ОВДЕ.
Торино не успеа да освои ниту бод на ренато Д’Алара, откако Бираги си постигна авто-гол во 90.минута.
„Знаеме дека Елмас е добар играч, го покажа тоа во Наполи“, рече тренерот на Торино Паоло Ваноли и дополни.
„Сепак мораме да бидеме внимателни, треба полека да го интгнираме во нашиот тим. Сигурен сум дека од него можеме да очекуваме голем придонес во офанзниот дел“.