Францускиот весник „Л’Екип“ тврди дека УЕФА ги известила француските власти за нелегални активности на мечот Пари Сен-Жермен-Црвена Звезда од Лигата на шампионите, и тоа поради однесувањето на еден од првите луѓе на српскиот шампион.
ПСЖ ја совлада Звезда со високи 6:1 во второто коло од Лигата на шампионите, и иако ова не беше до толку неочекуван исход, според „Л’Екип“, некој од функционерите на Звезда пред мечот се обидел да се обложи со неверојатни 5 милиони евра дека ПСЖ ќе победат со барем пет голови разлика (5+) против српскиот клуб и УЕФА веднаш ги известила француските власти.
Според Л’Екип, неименуваниот човек на Звезда се обидел да ги уплати парите преку повеќе портали за обложување, но за ова директно бил информиран претседателот на УЕФА, Словенецот Александер Чеферин.
Доколку оваа верзија на приказната е верна, тогаш Црвена звезда ја очекува строга казна, со можно исфрлање од натпреварувањето.
Фото: ЕПА
Exclu @lequipe ?
Soupçons de match truqué autour de PSG-Étoile Rouge de Belgrade https://t.co/vhLg9XKMzB pic.twitter.com/u28p42Z8w8
— L’ÉQUIPE (@lequipe) October 12, 2018
ЛШ: Нејмар и ПСЖ ја „разбија“ Црвена звезда, Шалке ја освои Москва (видео)