Top Sport

Шкендија го победи Вардар, Работнички загуби од Шкупи, Струга падна во Гостивар

Започна пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Во 19.коло Шкендија во Скопје го победи Вардар, Работнички загуби од Шкупи, Силекс не успеа да го совлада Тиквеш, а Струга доживеа пораз во Гостивар.

Шкендија со триумфот над Вардар во Скопје (2:1) се искачи на лидерската позиција на табелата и во исто време го турна Вардар на последното место. Ибраимо го постигна првиот гол за Шкендија, изедначи Закариќ од пенал во 66.минута, а конечните 2.1 во 76.минута ги постави Тампба.

Резултати, 19.коло:

Гостивар-Струга 1:0
/Потук 96(п)/

Пелистер-АП Брера 0:0

Силекс-Тиквеш 1.1
/Алиќ 30′ – Садик 77′ (п)/

Воска спорт-Беса 2:0
/Зуљ 73′, Осеи 77′/

Шкупи-Работнички 2:0
/Аворнио 29′, Имери 75′/

Вардар-Шкендија 1:2
/Закариќ 67′(п) – Ибраими 54′, Тамба 76′/

Табела:

Scroll to Top