Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Вулверхемптон со 2:1 во 25. коло од Премиер лигата.
Ливерпул го забележа првиот триумф по два неуспеси, загубија од Плимут во Купот и играа нерешено со Евертон во Премиер лигата.
Со оваа победа, до која дојдоа потешко од очекувањата, Ливерпул ја врати предноста од седум бода во однос на Арсенал, додека Волвс и покрај поразот се уште се веднаш над зоната за испаѓање.
Првото полувреме на „Енфилд“ беше идеално за „црвените“. Првиот гол го постигнаа во 15. минута кога стрелец беше Луис Дијаз, а Колумбиецот во 37. минута избори пенал и Салах зголеми на 2:0.
Но во вториот дел улогите се сменија, играчите на Влверхемптон доминираа на теренот. Нивната доминација најдобро го отсликува податокот дека упатија 10 удари кон голот на Алисон, додека Ливерпул во вторите 45.минута ниту еднаш не се закани кон голот на Жосе Са.
Од теренската иницијатива Вулвс успеаја да постигнат само еден гол, стрелец беше Матеус Куња во 67.минута.